Прв регистриран случај со Ковид-19 во Кичево

од Берта Китинска
194 прегледи

Според денешната статистика на заболени, кој ја објави Министерството за здравство е регистриран првиот случај на заболен од коронавирусот  во Кичево.

-Во изминатите 24 часа се потврдени 54 нови случаи на Ковид-19. По градови: Скопје-13, Куманово -25, Штип -1, Прилеп -10, Тетово -1, Велес -2, Гостивар -1, и Кичево -1, велат од министерството.

Вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со Ковид-19 во нашата земја изнесува 908 лица, од кои 44 починаа, а 86 се излечени.

Вчера градоначалникот на општината Кичево Фатмир Дехари побара градот да стане шатитна зона.

-Ако продолжиме да бидеме меѓу десетте општини што немаат заразени од коронавирусот на мислење сум да побарамe од Владата да се прогласи Општина Кичево „заштитна зона”, што би значело строго да се контролираат влезовите во нашата општина од други соседни општини од превентивна природа се разбира, вели Дехари.