Прв трејлер за документарецот за Павароти

од desk2
187 прегледи

Филмската компанија CBS Films го објави првиот трејлер за документарниот филм „Pavarotti„ во режија на оскаровецот Рон Хауард, што ќе има кинопремиера на 7 јуни.

Филмот нуди интимен поглед на животот, работата и делото на италијанската оперска икона, човекот кој успеа да ја доближи операта до пошироката светска публика, Лучано Павароти.

Тимот што го сними филмот стои и зад „The Beatles: Eight Days A Week – The Touring Years“ кој доби позитивни критики и беше одлично прифатен од публиката.

Документарецот „Pavarotti“ содржи снимки од историските настапи на светски познатиот тенор, интервјуа, како и снимки од приватната архива што досега не биле прикажани.

Публиката ќе види и низа студски и снимки во живо, меѓу кои и изведбата на „Miss Sarajevo“ од хуманитарниот концерт Pavarotti & Friends Together for the Children of Bosnia.

За потребите на овој документарец, за Павароти зборуваа негови блиски соработници и пријатели, меѓу кои Хозе Карерас, Пласидо Доминго и Боно Вокс.

Павароти почина на 6 септември, 2007 година на 72 години.