Прва најава нa крими-драмата „Ирецот” на Мартин Скорсезе

од desk4
133 прегледи

Се појави првата кратка најава на долгоочекуваната биографија „Ирецот“ (The Irishman) во која играат Роберт де Ниро, Ал Пачино, Харви Кајтел, Џо Пеши и Боби Канавале.

Приказната е заснована на книгата „I Heard You Paint Houses” од Чарлс Брант и се говори за исчезнувањето на синдикалниот водач Џими Хофа (Пачино), но од гледиште на неговиот наводен убиец, Ирецот Френк Ширан (Де Ниро). Филмот е во режија на Мартин Скорсезе, а според првичните информации, тоа ќе биде негов најскап проект.

Де Ниро (75) ќе има улога на 30-годишен гангстер, и тука ќе треба да се користат најсовремени специјални ефекти

Џо Пеши ќе го глуми Расел Бафалино, шефот на мафијата на Сицилија, чија мисија е да го обедини источното крило во организацијата Коза ностра. Негов противник е Анџело Бруно (Харви Кајтел).

„Ирецот“ е во продукција на Нетфлиx, а филмот ќе биде премиерно прикажан наесен.