Поранешниот американски претседател Доналд Трамп во вторникот со само две реченици ја коментираше пресудата со која се потврди дека сексуално ја нападнал новинарката Џин Керол.
„Апсолутно немам поим која е оваа жена“. Оваа пресуда е срамота, продолжување на најголемиот лов на вештерки на сите времиња“, напиша Трамп во објавата на својот профил на TruthSocial.
Објавата на Трамп дојде набргу откако поротата на Менхетен утврди дека поранешниот претседател е одговорен за сексуалниот напад на новинарката Керол.
Поротата го прогласи Трамп за виновен за сексуален напад врз Е.Џин Керол, како и за клевета, но не го прогласи за одговорен за силување, пренесува „Кликс“.