Поранешната сопруга на највисоко рангираниот американски член на Исламска држава во разговор за „Атлантик“ го опиша својот пат до радикализацијата по преминот во христијанство.

Таниа Џорџелас (33) радикализирана е уште како тинејџерка во Велика Британија и се преселила во Сирија со сопругот Џон Џорџелас од Тексас, кој го запознала на интернет.
„Сонувавме за тоа да имаме сопствена земја и да основаме семејство, а потоа децата да ги обучиме како убијци и војници и да му се придружат на џихадот“, вели таа.
По потекло е од Бангладеш, а родена е во Лондон. Раскажа дека во детството патела поради изолацијата и расизмот кон нејзиното семејство. Токму расизмот е тој што ја натерал на радикализација.
Ден по терористичкиот напад на 11 септември во 2001 година во САД, Таниа отишла во училиште и ја прашала пријателката: „Не е ли тоа што се случи страшно?“. Таа наводно одговорила: „Зарем беше толку страшно?“
„Во тој момент станав закоравена џихадистка“, вели Таниа.
Кусо потоа на муслиманска web страница за наоѓање партнери го запознала сопругот, преминала во ислам и се венчале во 2004 година.
Била во петтиот месец од бременоста со четвртото дете во 2013 година, кога Џон против нејзина волја ги преселил во Рака.
Таниа потоа се разболела и тој ја пратил во САД; каде живеела со неговите родители во Тексас. Потоа побарала развод и преминала во христијанство.
„Не знам дали сакам на сите луѓе во светот да им ја раскажам целата моја приказна–тоа е хорор приказна. Само сакам да им покажам на луѓето во слични ситуации дека тоа не е добар начин на живот“, вели Таниа.