Првата дама во Дубаи на Павилјонот за жени ЕКСПО 2020 (ФОТО)

од Берта Китинска
378 прегледи

Македонската прва дама Елизабета Ѓоргиевска оствари средба со Охуд Калфан Ал Руми, државна министерка за владин развој и иновации на Обединетите Арапски Емирати.

„Посветено инвестирање во развој, иновации, нови политики и пристапи на работа, ќе ни помогнат наместо да ја пречекаме, да ја креираме нашата иднина во денешниот глобализиран свет. Денеска во Дубаи имав одличен разговор со г-ѓа Охуд Калфан ал Руми. На средбата разговаравме и за врските помеѓу нашите општества кои се создаваат преку институционалната соработка, како и преку нашите сограѓани кои живеат и работат во Обединетите Арапски Емирати“ , пишува на Инстаграм на Ѓоргиевска.

Слични содржини