Учество на Елизабета Ѓоргиевска на настанот „Училишта што го унапредуваат здравјето”

од Radmila Tasevska

Сопругата на претседателот, г-а Елизабета Ѓоргиевска денеска во Скопје беше дел од настанот „Кон глобалните стандарди за училишта што го унапредуваат здравјето  – Резултати од пилот активностите во четири училишта, како заедничка активност на Светската здравствена организација, Министерството за здравство и Министерството за образование и наука.

На настанот на кој беа презентирани клучните наоди од иницијативатасе дискутираше и беше направена сеопфатна анализа на ситуацијата на здравјето и благосостојбата на учениците и имплементација на глобалните стандарди за училиштата кои го промовираат здравјето. Во своето воведно обраќање, проф. д-р Ѓоргиевска нагласи дека самата инцијатива симболизира колективен напор насочен кон создавање на подобра и попросперитетна училишна средина и дека целта е учениците да се обезбедат не само со квалитетно образование, туку и со алатки и знаење за водење на здрав и исполнет живот.

„Училиштата се местото каде што нашите деца и млади се стекнуваат со знаење и воспитание. Нашата цел и визија е покрај знаењата и вештините предвидени во наставните програми, училиштата  да бидат место на кое учениците ќе ја добијат и основата за грижа и унапредување на своето здравје. Впрочем училиштата треба да бидат местото,  кое, меѓу другото, ќе обезбеди можности за градење на здрав животен стил на учениците. Со овој пристап го признаваме и препознаваме суштинскиот придонес на училиштата во телесниот, менталниот и емоционалниот развој на нашите ученици.” – истакна Ѓоргиевска.

Слични содржини