Први снимки од Северна Кореја по појавата на корона-кризата: Како државата смисли да ги демантира странските медиуми? (видео)

од Nikola Popovski
183 прегледи

Како одговор на извештаите на странските медиуми за епидемија на коронавирус и празните полици по маркетите за храна, севернокорејските медиуми објави видео-снимки.

Граѓаните на Пјонгјанг на нив се прикажани како безгрижно шетаат во парковите или на шопинг во добро снабдените продавници, пренесува BBC.

Државната веб-страница „Северна Кореја денес“ вчера објави триминутно видео ден, каде можете да видите луѓе со маски во добро опремени супермаркети и граѓани кои шетаат наоколу со семејството и пријателите.

Иако официјалниот претставник на Пјонгјанг ги негираше случаите на луѓе кои страдаат од коронавирус, странските медиуми емитуваат снимки на кои се укажува дека Северна Кореја се соочува со недостиг на храна, поради што граѓаните паничат за да купат сè што можат.