ПРВИ СНИМКИ од спасувањето на децата заглавени во жичара на височина од 274 метри во Пакистан

од Stefanija Kuzmanovska

Вистинска драма се одвива во Пакистан. Во тек е спасувањето на осум лица кои останаа да висат заробени во жичарница над долина на северозапад од земјата. Според Би-Би-Си, меѓу осумте лица има шест деца.

Децата оделе на училиште кога им пукналa една од сајлите и останале да висат на 274 метри над земјата. Спасувачите се на терен, а децата се обидуваат да ги спасат и воени хеликоптери. Во моментов нема информации колку е успешно спасувањето.

Би-Би-Си јавува дека осум патници биле заробени повеќе од четири часа пред да пристигне воен спасувачки хеликоптер. Инцидентот се случил околу 7 часот по локално време.

„За волја на Бога, помогнете ни“, изјави Гулфраз, човек заглавен во жичарницата, за пакистанскиот ТВ канал Geo News по телефон. Тој потврди дека се вкупно осум лица.

„Жичарата е заглавена на место каде што е речиси невозможно да се помогне без хеликоптер“, изјави за АФП Зулфикар Кан, официјален претставник на пакистанската спасувачка служба 1122.

Локален наставник изјавил дека околу 150 луѓе секојдневно одат на училиште со опасната жичара поради недостаток на сообраќајна инфраструктура во областа.

Слични содржини