Северна Кореја вчера во присуство на странски новинари ја уништи локацијата за која тврди дека е полигон за нуклеарни проби, а сега се појавија и првите снимки од локацијата Пунгје-ри.

Експлозијата е изведена длабоко во планините на слабо населениот североисток на Северна Кореја.
На снимките може да се види како се уриваат три оперативни тунели заедно со другите структури кои служат за нуклеарни тестирања.
Северна Кореја на тоа место изведе шест нуклеарни тестови, а ова уништување требаше да ја покаже желбата на Пјонгјанг за денуклеаризација. Одлуката на Северна Кореја да го затвори полигонот во принцип е видена како добредојден гест на Ким Јонг Ун пред самитот со американскиот претседател Доналд Трамп.

Сепак, не станува збор за неповратен чекор и би требало тој да биде проследен со многу повеќе значајни мерки за барањата на Трамп за денуклеаризација да бидат исполнети.

Меѓутоа, само неколку часа подоцна, Трамп ја откажа долго очекуваната средба со севернокорејскиот лидер Ким Јонг Ун, која требаше да се одржи на 12 јуни во Сингапур.
https://www.youtube.com/watch?v=VcZD9kR19a4