Според првичните резултати објавени досега од Државната изборна комисија (ДИК), кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата за Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, води со освоени 41,04% од гласовите.
Зад него се Башким Бакиу од ВРЕДИ со 17,05% и Скендер Реџепи од НАИ со 15,56%.
Следуваат Амар Мециновиќ од Левица со 10,47% и Каја Шукова од СДСМ со 9,42%.
Кандидатите на ВМРО-ДПМНЕ, исто така, бележат водство и во повеќето скопски општини.