Првиот ресторан за нудисти отворен во францускиот главен град Париз ќе ги затвори своите врати во февруари само 15 месеци по отворањето, поради немање муштерии.

Првиот нудистички ресторан O’Naturel имаше просторија во која посетителите ги оставаа своите алишта, а потоа можеа да вечераат. Беше отворен во ноември 2017 година, како показател дека бројот на нудисти во Франција се зголемува.
Но, по малку повеќе од една година, лоциран во 12 арондисман, ќе ги затвори своите врати во февруари.
„Со длабоко жалење објавуваме дека дефинитвно го затвораме O’Naturel во сабота на 16 февруари, 2019 година“, објавија 42-годишните сопственици близнаците Мајк и Стефани Сада.
„Ви благодариме што дадовте придонес во оваа авантура со тоа што дојдовте да вечерате во O’Naturel. Ќе ги памтиме само добрите времиња, средбите со убави луѓе со кои споделивме убави моменти“.