Првиот сингл од новиот албум „The Creation“ на „Intelligent Music Project“ – I know, пуштен во етерот

од Vladimir Zorba

25-ти Јануари 2021 година, се одржа светска премиера на песната I know – Јас знам, од претстојниот албум – The Creation, на групата Intelligent Music Project, на повеќе радио станици во нашата земја.

За I know, се спрема и атрактивен видео запис, во кој учествуваат не само суперarвездата на групата Рони Ромеро, туку и неговата вереница – романската убавица Корина Минда. Приказната на видеото вклучува брзи автомобили, брканици и љубовна приказна.

Видео спотот за новиот хард рок сингл на Intelligent Music Project, ќе биде објавен на 28-ми овој месец, на Youtube и на Facebook. Песната ветува дека ќе биде еден од најдобрите хитови од претстојниот албум на бендот.

„Дефинитивно ја чувствувам оваа песна како моја омилена од новиот албум. Тоа е вистинска хард рок песна со елементи на мојата претходна група Rainbow. Исто така е многу позитивнa и носи добро расположение “, вели Рони Ромеро.

Авторот на музиката и текстот на I know, е творец и продуцент на бендот – бугарскиот бизнисмен, филантроп, патрон на уметноста и исто така доктор по медицина Милен Врабевски.

„Оваа песна е специјално напишана за Рони Ромеро. Се инспирирав од енергијата на неговиот неверојатен глас. Делот е за бегство од страв и постојано двоумење. Пораката на песната е да биде корисна и ефикасна, правејќи постојано чекори напред во наоѓање нови и понови начини да им служите на вашите другари.

Целите во животот го прават значаен и ве буди.

Освен ѕвездата на Rainbow, Рони Ромеро и останатите одлични бугарски музичари, има уште еден светски познат музичар кој учествува во I know – тапанарот на групата Styx – Тод Сакерман.

„Беше навистина забавно да се свири I know, затоа што е малку хеви метал, има многу дупли бас… има и навистина добра мелодија – изјави Сакерман.

Новиот албум на Intelligent Music Project – The Creation се очекува да биде официјално објавен на крајот на март. Албумот е посветен на креативните пристапи кои се клучот за успехот во живот.

Следејќи го примерот на претходните 5 албуми на бендот, во новиот повторно ќе учествуваат светски познати музичари како Рони Ромеро (Rainbow), Џон Пејн (Asia), Карл Сененс (Nazareth) и Ричард Грисман (River Hounds). Новиот состав има и двајца неверојатни тапанари – Тод Сакерман (Styx) и легендарниот Боби Рондинели (Rainbow, Black Sabbath).

Слични содржини