Прво возење со автобус без возач во Виена

од desk2
125 прегледи

Во рамки на програмата „Мобилност на иднината”, поддржана од австриското Министерство за сообраќај, по тримесечни интензивни подготовки во Виена се одржа и успешно заврши првото пробно возење на два градски автобуса без возач.


– Автобусите, во присуство на оператор, ги превезоа одушевените патници на рута од околу два километра – од станицата У-2 до Технолошкиот центар Асперн и назад, соопшти Еуроком.

Новата виенска линија без возачи првите редовни патници ќе ги има пролетта следната 2019 година. На линијата ќе има фиксни станици, а возењето ќе го надгледува обучен оператор. Возењето ќе биде бесплатно.

– Самоуправувачкиот превоз е голем тренд, којшто има потенцијал да ги промени градовите и да ги направи поодрживи. Како градско претпријатие, ќе бидеме меѓу првите во тоа, истакна директорот на Виенското градско сообраќајно претпријатие, Гинтер Стеинбауер.

Слични содржини