Прволигашите се сретнаа со челниците на КФСМ

од desk2
137 прегледи

Раководството на Кошаркарската федерација на Северна Македонија (КФСМ) денеска одржаа состанокот со претставниците на прволигашите и со претставници од Асоцијацијата на играчи.

Претседателот на Федерацијата Перо Антиќ, спортскиот директор Тодор Гечевски и потпретседателот Бали Саити, на средбата со претставниците на Здружението на прволигаши примија барање за промена на член од Регистрацискиот правилник кој го дефинира бројот на странци, односно задолжителниот број на Македонци на терен во игра во секое време.

Заинтересираните страни ги искажаа своите ставови во врска со темата на состанокот, а потоа ги дадоа и своите предлози до раководството на КФСМ за промена на членот од Регистрацискиот правилник.

За следната седмица повторно е закажана средба на која ќе се разговара дополнително на темата и ќе се разгледуваат предлозите на засегнатите страни.

Слични содржини