379
Во Сараевскиот кантон во БиХ, наставата веќе започнала во новата учебна година, а новинарка на телевизијата Н1 разговарала со првоодделенец кој ѝ објаснил како правилно да ги почитува мерките при пандемијата со коронавирус.
Момчето, со маска на лицето, ја предупредило новинаркатадека не ја носи правилно нејзината маска.
„Корона е тоа, треба маска, не сакам да се заразам. Плус, стави маска на носот“, ѝ рекло момчето, по што таа се извинила што неправилно ја носела маската, му рекла на момчето дека е во право и го прашала дали разбира што значи тоа што сите на училиште треба да бидат на физичко растојание.
Делот со момчето можете да го видите на 28-мата секунда од видеото.