Првото новороденче во Куманово е женско

од Nikola Popovski

Првото бебе во Куманово е женско и родено е синоќа 10 минути пред 23 часот.

-На Одделот за гинекологија и акушерство при Општа болница во Куманово, на 01 јануари во 22:55 часот се роди женско бебе. Делегација од Општина Куманово предводена од претседателката на Совет на Општината, Ивана Ѓорѓиевска беше во посета на среќната мајка и првороденото бебе. Традиционално, со искрени честитки и желби за здравје, безгрижно детство, среќа и успеси, им беа врачени пригодни подароци од името на Општина Куманово, информира градоначалникот на општина Куманово, Максим Димитриевски.

Слични содржини