Психолог: Независните деца имаат родители кои ги прават овие работи

од Vladimir Zorba
60 прегледи

Развојот на независноста кај децата е клучен дел од нивното растење. Постепеното давање на обврски им овозможува на децата да ги развијат вештините потребни за секојдневниот живот.

Со самостојно извршување на едноставни задачи, како што е облекувањето, децата добиваат самодоверба и чувство на независност.

Детскиот психолог и мајка на три деца, д-р Џезмин МекКој, на Инстаграм издвои пет стратегии за воспитување независни деца:

* Охрабрувајте (наместо командување) и следете ги нивните иницијативи колку што е можно повеќе.
* Дајте им позитивен и искрен повратен одговор кога се борат да бидат независни.
* Охрабрете го нивното критичко размислување и креативност.
* Верувајте им.
* Развијте ја нивната самосвест за тоа како се чувствуваат додека напредуваат кон независност.

Според психологот, одредени фрази можат да придонесат за развој на независност.

Во пост, таа ги истакна следните пет:

– „Што е следно? Што треба да се направи сега?“
– „Ти го направи тоа! Сам/а! Колку си одличен/на помошник/чка! Браво!“
– „Имам некои идеи, но најпрво би сакал/а да ги слушнам твоите. Секогаш имаш одлични идеи за тоа како да ги решиш работите“.
– Ти си задолжен/а за своето тело. Верувам дека ќе го слушаш своето тело и ќе му го дадеш она што му треба. Сепак, извести ме ако ти треба помош”.
– Знам дека е фрустрирачки кога не успеваш. Горд/а сум на тебе што се обидуваш да го направиш тоа сам/а“.

„Независноста не може да се наметне. Тоа е вештина која доаѓа со време, со насоки и директен фидбек. Запомнете, секој мал чекор кон независноста вреди да се слави“, заклучува психологот.

Слични содржини