ПСЖ ќе се обиде да го привлече Де Хеа

од desk4
158 прегледи

Раководството на Пари Сен Жермен сериозно размислува да направи обид да го привлече голманот на Манчестер Јунајтед Дејвид де Хеа во текот на летото. Според „Сан“, парижаните се подготвени да платат околу 60 милиони евра за него.

Во оваа сезона, под рамката на голот на шампионот на Франција стоеа Алфонсо Ореола и Џанлуиџи Буфон, кој има договор до крајот на следната сезона.

Оваа сезона Де Хеа ги одигра сите 35 меча во Англија, без да биде сменет. Шпанскиот голман има договор со „црвените ѓаволи“ до крајот на следната сезона, но од околу една година не успева да се разбере со раководството на тимот за нов договор, при што се смета дека двете страни не можат да стигнат до разбирање по повод платата на играчот .

ПСЖ, пак, подготвува трансфер на дефанзивецот Тома Муние. За услугите на белгискиот репрезентативец се заинтересирани Манчестер Јунајтед, Челзи и Арсенал. Парижаните се подготвени да го ослободат 27-годишниот дефанзивец за околу 26 милиони фунти и може да биде искористен како дел од договорот за Де Хеа.

Договорот на Муние со ПСЖ истекува во летото 2020 година. Во тековната сезона тој зеде учество во 29 натпревари на сите турнири, постигна 5 гола и даде 9 асистенции