Пукање во Врачар: Две лица се пренесени во Ургентен центар, застреланите и се познати на полицијата

од desk4

Две лица се ранети во престрелката што се случи вечерва во Врачар. Ранетите се  пренесени во Ургентниот центар, а истрагата е во тек – потврди за српските медиуми Министерство за внатрешни работи на Република Србија.

Еден од ранетите бил застрелан во ногата и е лице од криминално потекло. Во Ургентниот центар било констатирано дека му било пукано во пределот на ногата. Во исто време, во блиска улица, полицијата пронашла уште еден ранет маж. И тој бил однесен во болница со рана на грбот.

Напаѓачот побегнал, а полицијата трага по него.

Српските медиуми објавуваат дека олем број патроли на Единицата за интервенции се на терен, а сообраќајот во овој дел на Белград е во прекин.

Слични содржини