Викторија и Дејвид Бекам се во брак 20 години, а судејќи според пишувањето на странските медиуми, нивната љубов и заедничкиот живот завршиле. Како што открива близок извор на семејството, сопружниците неживеат повеќе заедно.

Викторија постојано е зафатена, се грижи за четирите деца, го води своето модно царство, а покрај се, се труди во јавноста да го одржи имиџот за себе.
„Многу се трудам, да бидам најдобра мајка на свет, најдобра сопруга и најдобра во бизнис светот. Штом дојдам дома, го оставам телефонот за повеќе време да им посветам на децата и на Дејвид“, рече таа за “IN Touch Weekly” пред неколку дена.