Монографската збирка „Пулсот и времето“ на Ана Јовковска е повеќе од книга…тоа е општествена совест. Огледало на секој од нас. Духот од аладиновата ламба на едно време…

pulsi

„Пулсот и времето“ е монографска збирка од 50 интервјуа со афирмирани јавни личности, писатели, професори, уметници, активисти, актери, политичари и дипломати, креативно разиграна и разновидна селекција на 50 од вкупно 500 интервјуа реализирани низ авторскиот ТВ проект „Пулс“ на Ана Јовковска.

Низ ова книжевно дело, Јовковска прави вивисекција на македонската интелектуална мисла, расветлувајќи прашања од интердисциплинарен карактер и анализирајќи ги социо-културните феномени на денешнината, како културен документ на едно време.

Книгата е реализирана со издавачката куќа „Силсонс“ – читачки клуб при Матица македонска, има 500 страници, и покрај интервјуата содржи и биографии и фотографиии.

Промоцијата ќе се одржи на 9 јуни (вторник) во 20:00 часот во МКЦ Клуб Ресторан.

Промотори на книгата се Александар Прокопиев, Ферид Мухиќ, Искра Гешоска и Венко Андоновски

Слични содржини