Пури на Фидел Кастро продадени за 26.900 долари

од desk2
148 прегледи

Кутија со пури од личната колекција на некогашниот кубански лидер Фидел Кастро, продадена е на аукција во Бостон за 26.900 долари.

Со дрвената кутија на која стои потписот на Кастро со син фломастер, продадена е и негова фотографија која ја потпишал за филантропот Ева Халер во 2002 година.

Кутијата содржи 24 пури.

Овие пури се произведувале строго само за Фидел Кастро уште од 1980 година.

Се до 1998 година овие пури можеле да ја напуштат Куба, единствено ако биле наменети за подарок на некои странски државјани.