Луѓето кои пушат марихуана имаат различен од, а лактите, колената и рамениците им се движат на друг начин, пишува “Daily Mail”.
Весникот цитира студија на универзитетот во Јужна Австралија. Од него излегува дека редовните корисници на марихуана се стегнати во рамената, лактите им се пофлексибилни и имаат попргави колена.
Тие се движат побрзо во споредба со луѓето кои не пушат марихуана. Специјалистите открија разлики во движењата, но не и во способноста за држење на рамнотежа помеѓу пушачите на трева и останатите луѓе.
Не биле пронајдени разлики и во невролошките функции. Австралискиот тим проучувал 44 учесници, по 22 од секоја страна, на кои биле извршени бројни тестови за движење.
Колената на корисниците на марихуана постигнале поголема брзина при одење и лактите им се покажале пофлексибилни, за сметка на рамената.
Но овие разлики помеѓу пушачи и непушачи марихуана биле тешко воочливи со голо око дури и од невролози специјалисти за нарушувања на моторните функции.