Пушите 5 цигари дневно и мислите дека тоа е безопасно? Всушност е исто како да пушите по две кутии дневно

од desk2

Многу пушачи се тешат со фактот дека неколку цигари дневно сепак не можат да му наштетат на нивното здравје, па се ограничуваат на 10-тина дневно за да имаат мирна совест.

Но, најновата студија не го поткрепува ова верување – научниците дошле до резултат дека и 5 цигари дневно им штетат на белите дробови на ист начин како и 2 кутии цигари дневно.

Од универзитетот Колумбија порачуваат дека пушењето неколку цигари дневно е всушност поопасно отколку што мислат луѓето. Во истражувањето учествувале 25 илјади волонтери од кои некои биле активни пушачи, некои пушеле неколку цигари дневно, а некои биле поранешни пушачи.

Воочена е многу мала разлика во функционирањето на белите дробови помеѓу пушачите кои палат 30 цигари дневно и оние кои пушат по 5 цигари дневно. Тоа значи дека послабите пушачи го губат капацитетот на белите дробови за 12 месеци, додека кај активните пушачи тој период изнесува 9 месеци.

“Разликата помеѓу капацитетот на белите дробови кај луѓето кои пушат во помала и луѓето кои пушат во голема количина е занемарливо мала. Сите би требало да бидат мотивирани воопшто да не пушат цигари, без оглед на нивниот број”, вели водичот на студијата, д-р Елизабет Оелснер.

Истражувањето во кое учествувале академици е објавено во магазинот “The Lancet Respiratory Medicine”.

Слични содржини