Пуштени три нови сали за интервентна кардиологија и радиологија во ГОБ „8-ми Септември“

од Vladimir Zorba

Во ГОБ „8-ми Септември“ денеска беа пуштени во употреба три нови сали за интервентна кардиологија и радиологија. Салите се опремени со најсовремена апаратура која, освен за кардиолошките, ќе може да се користи и за пациентите од други оддели.

Министерот за здравство Фатмир Меџити оцени дека со трите нови сали се создадени услови за интервентни кардиолошки и радиолошки процедури кои во исто време може да е практикуваат на повеќе апциенти.

– Со ова се создадени услови за интервентни кардиолошки и радиолошки процедури кои во исто време може да е практикуваат на повеќе апциенти, истакна министерот.

Директорот на ГОБ „8-ми Септември“ Христијан Костов рече дека со новата опрема ќе се намали времето на чекање за правење коронарографии, каротидографии и стентирања.

Слични содржини