Рускиот претседател Владимир Путин денеска во Астана, за време на средбата со турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган на маргините на Конференцијата за интеракција и мерки за градење доверба во Азијa, му предложи на турскиот колега да изгради „гасен центар“ во Турција.
„По консултација со вашиот министер за енергетика и шефот на Ботас, се договоривме со Газпром и ова јавно го кажав: доколку Турција и нашите потенцијални клиенти од други земји се заинтересирани, би можеле да размислиме за изградба на уште еден гасоводен систем и создавање на гасен центар за продажба во други земји, трети земји. Пред се, се разбира, европските“, истакнал рускиот претседател на средбата со Ердоган, пренесува РИА Новости.
Подоцна, прес-секретарот на шефот на државата, Дмитриј Песков, додаде дека ова прашање е наредено „да се разработи детално и многу брзо“.
Еден ден претходно, во својот говор на форумот на Руската енергетска недела, Путин посочи дека Москва може да го премести транзитот на гас од „Северен тек“ во „Турски тек“. Според него, ваквата одлука е оправдана од аспект на економски бенефит, освен тоа, оваа траса е побезбедна, рече тој.
#Russia's President Vladimir Putin met with Erdogan
Our Telegram https://t.co/ncVfDD0NJo pic.twitter.com/WKbSH3ArvV— ArmenianBreakingNews (@Armbreakingnews) October 13, 2022
„За време на работата на овој центар, кој би можеле да го изградиме заедно, тој, се разбира, би бил платформа не само за снабдување, туку и за цените, бидејќи ова е многу важно прашање – прашањето за цените“, рече шефот на руската држава во четвртокот за време на разговорите со неговиот турски колега.
Турскиот претседател му рекол на Путин дека договорот за жито со посредство на Анкара треба да обезбеди украинското жито да оди во најнеразвиените земји, пренесува АФП.
Судејќи по видеата споделени на мрежите, Ердоган повторно го оставил Путин да го чека. Во објаснувањето на Кремљ, сепак, се наведува дека Путин дошол рано намерно.
#Erdogan keeps #PUTIN waiting again. The #Kremlin pack says again that Putin came early on purpose. That's the whole story.
Well, even though I flipped through the pieces of paper, I still haven't learned how to read. pic.twitter.com/9AS12uP5pj
— Johan (@Helpful_Hand_SA) October 13, 2022