Путин го одобри составот на руската делегација на седницата на Генералното собрание на ОН

од Stefanija Kuzmanovska

Рускиот претседател Владимир Путин го одобри составот на руската делегација на 78-та сесија на Генералното собрание на Обединетите нации во септември, која ќе ја предводи министерот за надворешни работи Сергеј Лавров.

Во делегацијата се заменик министерот за надворешни работи Сергеј Вершинин, претседателот на Комитетот на Советот на Федерацијата за меѓународни прашања Григориј Карасин, постојаниот претставник на Русија во ОН Василиј Небензја, претседателот на Комитетот за меѓународни работи на Државната дума Леонид Слуцки и други, јави ТАСС.

Во последните години руската делегација на Генералното собрание на ОН ја предводеше министерот за надворешни работи Сергеј Лавров, додека во 2015 година на чело на делегацијата беше Путин.

Во 2020 година, Путин се обрати на Генералното собрание преку видео врска.

Во септември во Њујорк ќе започнат состаноците на високо ниво во рамки на 78-та сесија на Генералното собрание на ОН.

Слични содржини