Путин го потпиша законот за претседателски избори

од Stefanija Kuzmanovska

Рускиот претседател Владимир Путин го одобри усвојувањето на измените на законот за претседателски избори во земјата, се наведува во текстот на указот објавен на официјалниот портал за правни информации.

Измените предвидуваат забрана за кампања на сите блокирани ресурси, а документот содржи и низа појаснувања, меѓу другото, во однос на работата на медиумите, пренесува РИА Новости.

Според измените на законот, на состаноците на изборните комисии можат да присуствуваат само претставници на медиумите кои работат со договор за вработување, а воведени се и ограничувања за фотографирање и снимање на избирачките места во воените објекти, наведува агенцијата.

Новата регулатива предвидува дека гласањето во руските региони под воена состојба е можно врз основа на резултатите од консултациите на руската Централна изборна комисија со министерството за одбрана на Русија, Федералната служба за безбедност (ФСБ) и гувернерот на соодветниот регион.

Слични содржини