Путин и Ердоган разговараа за создавање голем гасен центар во Турција

од Stefanija Kuzmanovska

Рускиот претседател Владимир Путин и турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган денеска разговарале за иницијативата за создавање голем гасен центар во Турција, соопшти Кремљ.

„Детално се разговараше за актуелните аспекти на билатералната соработка во различни области. Беше забележана позитивна динамика на трговско-економските врски, систематско промовирање на значајни заеднички проекти“, пренесува РИА Новости.

Претседателите на Русија и Турција претходно наложија детално и брзо да се разработи прашањето за создавање гасен центар во Турција, преку кој, особено Руската Федерација би можела да транспортира гас од Северните текови во Црноморскиот регион и Турција.

Слични содржини