Рускиот претседател Владимир Путин и неговиот турски колега Реџеп Таип Ердоган разговараа телефонски за сириската криза во пресрет на претстојниот состанок во Астана, соопшти Кремљ.

Двајцата челници разговараа за „клучните аспекти за решавање на сириската криза, фокусирајќи се на петтиот меѓународен состанок за Сирија кој ќе се одржи на почетокот на јули во Астана под покровителство на Русија, Турција и Иран,“ се наведува во соопштението, пренесува агенцијата TASS.