Москва може да ја признае независноста на Косово како дел од мерките за воспоставување на нови односи меѓу Русија и САД по доаѓањето на власт на Доналд Трамп. Тоа го предвидува британскиот експерт за руските прашања Мери Дејвски која е редовен коментатор во “Гардијан” и член на Кралскиот институт за надворешна политика во Британија.

Анализирајќи ги евентуалните последици од средба меѓу рускиот претседател Владимир Путин и американскиот државен глава Доналд Трамп во денешниот број на католичкото издание “Таблет” Дејвски пишува дека Путин има желба да “стави нови основи на билатералните односи”.
Дејвски редовно се среќава со лидерите во Кремљ во рамките на проектот “Валдано”, која спроведува секоја есен средби со руските официјални власти.
Со признавањето на Косово Русија би сакала да ги среди различните дипломатски проблеми настанати во времето по Студената војна, а кои ги прекршија билатералните односи, пишува уште експертот. Според неа “Трамп е човек кој брзо постигнува договори и кој многу брзо би разбрал дали рускиот лидер е сериозен кога зборува за договор. Ако сепак сфати дека бил во заблуда многу брзо ќе се оддалечи”, пишува уште Дејвски. Таа смета дека Путин е вложил многу напор за постигнување на договор со новата американска администрација и многу тешко ќе овозможи таква можност да му се измолкне од рацете, бидејќи тоа може да му ги загрози позициите дома. БГНЕС потсетува дека Русија до моментов цврсто се изјаснуваат против незавсиноста на Косово, која беше прогласена во февруари 2008-ма година. До денес вкупно 110 земји, вклучително и Македонија ја признаа независноста на поранешната српска покраина од вкупно 193 земји-членки на Обединетите нации. Властите во Белград и денес го сметаат “Косово за дел од територијата на Србија”.