Путин му го честиташе 70-тиот роденден на Си Џинпинг

од Stefanija Kuzmanovska

Рускиот претседател Владимир Путин денеска му го честиташе 70-тиот роденден на кинескиот претседател Си Џинпинг.

Во својата честитка, Путин ги пофали напорите на кинескиот лидер за зајакнување на сеопфатното партнерство и стратешката соработка меѓу Москва и Пекинг, објави веб-страницата на Кремљ.

„Тешко е да се преценат напорите што ги правите со години за зајакнување на сеопфатното партнерство и стратешката соработка меѓу нашите земји“, рече Путин во својата честитка, пренесе ТАСС.

Слични содржини