Рускиот претседател Владимир Путин нема да склучи мир во Украина пред објавувањето на резултатите од американските избори закажани за ноември следната година, најави високо американско официјално лице по состанокот на министрите за надворешни работи на НАТО во Брисел.
„Очекувам дека Путин нема да склучи мир, или барем не во значителна мера, пред да ги види резултатите од нашите избори“, навел изворот, кој сакал да остане анонимен, пренесе „Ројтерс“.
Тој додаде дека Алијансата повторила дека ќе продолжи да ја поддржува Украина, иако знае дека е малку веројатно дека ќе биде постигнат мировен договор во наредната година.