Рускиот претседател Владимир Путин изјави во саботата дека немало разговори со Украина за евентуалното ослободување на украинските морнари, кои беа заробени заедно со бродовите им , пренесе Ројтерс.

Путин разговараше со новинарите на маргините од самитот на Г-20 во Буенос Аирес. Русија се противи на меѓународни повици за ослободување на трите украински бродови.
Владимир Путин рече дека нема да воведе ограничувања за влезот на Украинците во Русија откако Киев веќе наметна забрана за влез на руски мажи на возраст од 16 до 60 години.