Претседателот на Русија Владимир Путин изјави дека односите на Москва со Вашингтон се “многу полоши” во многу аспекти од овие за време на Студената војна, информираат руските медиуми.

Проблемите меѓу Русија и САД со години се зголемуваат и не можат веднаш да се решат, истакна тој на состанокот со амбасадорите и постојаните претставници.

  Рускиот лидер исто така, истакна дека е започната работа за изградба на подобри односи со Вашингтон , но предупреди за различни “сили” во САД, кои потенцијално можат да ги жртвуваат овие односи за “лични интереси”.

Американските и руските односи ” во некои случаи се полоши од оние за време на Студената војна “, но состанокот на Трамп му овозможи да се движи кон “патот кон позитивни промени”, рече Путин.

“Гледаме дека во САД има сили кои се подготвени да ги жртвуваат руско-американските односи на сметка на нивните амбиции”, рече Путин во говорот пред руските амбасадори во Москва.

“Ќе видиме како ќе се развијат работите”, рече тој и изрази загриженост дека “американските сили” се обидуваат да ги спречат подобрените односи , главно сириската соработка и контрола на оружјето.

Фото 369238

 

Претседателот на Русија предупреди за опасноста од влошување на односите меѓу двете држави, и  разјасни дека договорот за намалување на стратегиските оружја СТАРТ ќе истече до една година и половина , ако сега не започне со работа за  неговто продолжување  .

Русија останува отворена за контакти со САД , истакна тој.

Путин во понеделникот во Хелсинки се состана со американскиот претседател Доналд Трамп. Двајцата претседатели рекоа дека разговорите се голем успехи  за пресвртница за градење  на подобри односи меѓу двете земји.

Во меѓувреме, рускиот водач предупреди дека постои сериозен ризик за зголемување на ситуацијата во Југоисточна Украина, бидејќи Киев не сака мирно решавање на конфликтот.

Претседателот на Русија нареди промена во надворешната политика на земјата. Според него, тој мора да биде главно економски и рационален.