Путин: Одржувањето на Олимписките игри е победа за човештвото

од Nikola Popovski

Рускиот претседател Владимир Путин очекува дека организаторите на Летните олимписки игри во Токио успешно ќе ги заштитат сите спортисти и гледачи од Ковид-19 и смета дека претстојниот најголем спортски настан е победа за човештвото.

Рускиот претседател денеска одржа состанок со националниот олимписки тим пред да замине за Јапонија и рече дека фактот дека Олимписките игри ќе се одржат во сложени услови на пандемија е само по себе победа на целото човештво.

„Игрите во Јапонија несомнено ќе бидат многу посебни и очекуваме организаторите да ги применат сите мерки за заштита на спортистите и гледачите“, нагласи Путин.

Тој им честиташе на спортистите кои беа вклучени во списокот на рускиот олимписки тим и им посака успешен настап на долгоочекуваните 32. Летни олимписки игри, кои беа одложени минатото лето поради пандемијата на коронавирус, а чие одржување се планира помеѓу 23-ти јули и 8-ми август во Токио.

Слични содржини