Путин по повикот за намалена употреба на природен гас: Без плин би можеле назад во пештери

од Maja Serafimova

Претседателот на Русија, Владимир Путин, остро ги критикуваше европските повици за намалување на потпирање на природниот гас како извор на енергија, нагласувајќи дека таквите идеи би можеле да предизвикаат луѓето повторно да живеат во пештери.

На прашањето што мисли за повиците од Европа за намалување на употребата на гас, во кои Европа е многу зависна од Русија, Путин рече на инвестициски форум во Москва дека според него „презирот кон таков чист јаглеводород како гасот е апсолутно чуден“.

-Кога луѓето ќе дојдат до такви идеи, мислам дека ја отвораат вратата за враќање на човештвото во пештерите, рече Путин.

Рускиот претседател додаде дека на сегашното ниво на технолошки развој, човештвото без јаглеводороди, нуклеарната енергија и хидроцентралата едноставно не можат да преживеат и да ја зачуваат цивилизацијата.

Тој ја пофали  интензивната употреба на природен гас и хидроенергија во Русија, која, како што рече, има енергетски баланс и е „една од најзелените во светот“.

Слични содржини