Путин пред хокеарски натпревар: А ние каква врска имаме со разрешувањето на директорот на ФБИ?

од Vladimir Zorba
96 прегледи

Пред да излезе на мразот, рускиот претседател одговори на неколку прашања за разрешување на директорот на ФБИ на САД Џејмс Коми и негираше дека  Москва може да  има какви било врски со него

Непосредно пред да излезе на мразот за да поигра хокеј, затоа што и тоа  повремено  го прави,  рускиот претседател Владимир Путин  одговори на „случајни “  Блиц прашања во врска со неочекуваното разрешување на шефот на ФБИ во САД. Според некои аналитичари причината за оваа рокада е работата предводена од Џејмс Коми биро за верзиите за интервенција на Русија во претседателските избори во САД, кои го доведоа на власт Доналд Трамп.

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров, кој е на прва посета на САД посотојано , коментира дека тоа е внатрешна работа на САД, а за Американците најверојатно е понижувачки да слушаат дека Русија им ја контролира политичката ситуација во нивната сопствена држава.

Зошто го советуваа Трамп да го отпушти шефот на ФБИ? Пак ли Вотергејт?

 

Официалната верзија на американскиот претседател е дека разрешувањето на Коми е поради несправност  со неговата работа. Путин,  бил фатен  од репортерка на американската телевизија Си-Би-Ес, малку пред да излезе на лизгалиштето. Преведувач во разговорот им бил Прес секретарот на Кремљ, Дмитриј Песков.