Путин пристигна во Минск, со Лукашенко ќе разговара за безбедноста во регионот

од Radmila Tasevska
171 прегледи

Рускиот претседател Владимир Путин денес пристигна во Минск, каде што ќе разговара со шефот на белоруската држава Александар Лукашенко за теми поврзани со безбедноста во регионот.

Како што јави РИА Новости, белоруско-руската интеграција во широк формат ќе биде првата тема на која ќе се разговара, со учество на членови на владите на двете земји, шефови на министерства и ресори.

Претседателите потоа ќе го продолжат разговорот на приватна средба „во четири очи“, по што се очекува да дадат изјави и да одговараат на новинарски прашања.

Слични содржини