Во едно интервју, претседателот на Русија, Владимир Путин, призна дека ја излажал првата дама на Америка, Меланија Трамп, за големината на рибата која ја фатил.

За време на самитот Г20 во Хамбург лани, Путин за време на веречата со Меланија Трамп разговарал за многу рабти – од сибирските тајги, мечките на Камчатка, до риболов.
„Секако, како што се очекува во такви ситуации, малку претерав кога станува збор за големината на рибата што сум ја уловил“, вели Путин.
„Како да разговараш за риболов, а да не го разубави малку?“, додава тој.
На прашањето дали се обидел да ја регрутира Меланија, Путин низ смеа вели:
„не, не сум го правел тоа многу долго, иако сакав тоа да го работам. Како што е познато, тоа беше моја работа долги години“.