Путин се огласи за првпат по завршувањето на бунтот на Вагнер

од Stefanija Kuzmanovska

Рускиот претседател Владимир Путин денеска ја објави својата прва изјава на веб-страницата на Кремљ по завршувањето на бунтот на паравоената група „Вагнер“, во која вели дека развојот на индустријата останува приоритет за Русија.

Тој ова го рече во обраќањето пред учесниците и гостите на Меѓународниот младински индустриски форум „Инженери на иднината – 2023“, пренесува РИА.

„Развојот и модернизацијата на индустријата е наш апсолутен приоритет. Затоа ќе продолжиме да го стимулираме воведувањето на најновите технологии, дигитални решенија и напредни еколошки стандарди“, рече Путин во видеото.

Слични содржини