Путин се понудил за пристапувањето на Русија во НАТО

од Vladimir Zorba
132 прегледи

Путин му  понудил на Клинтон да  го разгледа пристапувањето на Русија кон НАТО

Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека му предложил на поранешниот американски претседател Бил Клинтон да се разгледа можноста Русија да се приклучи на НАТО. “Се сеќавамна  една од последните  средби со претседателот Клинтон. Тој дојде во Москва и му реков: Па, можеби гледате опција Русија да се приклучи на НАТО”. Тој одговори: “Немам ништо против”. Тоа го  раскажа рускиот лидер во интервју за американскиот режисер Оливер Стоун за неговиот нов проект – серија на разговори со Путин. Фрагмент од филмот “Интервју со Путин” беше дистрибуиран денес од американскиот весник “Политико”. Целиот документарен филм ќе биде прикажан на 12-15 јуни во CBS. / ТАСС