Путин: Сиромашното дете кое стана страв и трепет за светот

од desk2
176 прегледи

Преку Светското првенство кое се одржува во Русија, Владимир Путин, повторно е во центарот на вниманието во јавноста.

Русија паметно го користи Мундијалот за зајакнување на својата улога во меѓународната политика, а клучна улога во тоа има секако Путин.

Путин беше поранешен КГБ агент, кој успеа од таа позиција да стане апсолутен господар на Русија веќе со години.

Па се поставува прашањето, за тоа, како тој успеа да стане вториот најдолговечен лидер после Сталин и ако не најмоќен, тогаш дефинитивно вториот најмоќен човек на светот?

Порасна во мал стан со уште пет луѓе

Путин, роден во 1952 година, стигна многу далеку, почнувајќи практично од ништо, како обично сиромашно момче од Ленинград, денешен Сан Петербург, каде живееше во мал советски стан во сиромаштија, како и стотици милиони поданици на „работничката утопија“.

Неговите двајца постари браќа починаа уште пред тој да се роди, па станот во кој младиот Владимир живееше со родителите, го делеа со уште тројца луѓе.

 

Неговата мајка беше обичен работник во фабрика, а неговиот татко морнар во подморница. Путин од мал имаше желба да стане таен агент, меѓутоа во тој период бил премногу импулсивен и недисциплиниран за такво нешто. Сепак, во повисоките одделенија, тој станува многу позрел. Потоа, почнува да тренира џудо и советска верзија на боречки вештини.

Во деветто оделение, Путин, самоиницијативно отиде во локалната експозитура на КГБ на разговор за работа. Од таму му рекоа да се пријави во војска или да се запише на правни студии и повеќе да не ја контактира агенцијата.

Путин го стори тоа, неговата желба да стане КГБ агент го однесе во Ленинград, каде запиша правни студии и беше доста добар студент. Во четврта година конечно добива повик од КГБ и на само 22 години станува нивен агент.

После повеќегодишна обука, Путин е испратен да набљудува странци во конзулатите во Ленинград, а потоа е испратен во Источна Германија, во Дресден, каде ќе го дочека и рушењето на Берлинскиот ѕид и распадот на комунистичкиот источен блок. Тоа трауматско искуство ќе го одбележи погледот на Путин кон светот, се до ден денеска.

Иако во однос на неговата денешна моќ тоа звучи неверојатно, но Путин се до крајот на Ладната војна не беше важна фигура во советскиот систем. Во Дресден не се занимаваше со вистинска шпионска работа, туку, како што пишува авторката на биографијата на Путин, тој најчесто правел исечоци од новинарски текстови за архива.

Застана сам пред масата во Дрезден во 1989 година

„Ние сме народ“, извикуваа таа судбоносна година Германците, на кои им беше доста од советската тиранија, општата несигурност и беда во името на комунизмот. Собраните луѓе, како и во Источен Берлин и многу други градови, така и во Дресден, бунтуваа против комунистичкото владеење.

Кога се собраа пред експозитурата на КГБ, во која таа вечер немаше заповедници, а ги менуваше младиот Путин, тој во прв момент не знаеше што треба да стори.

Путин ги повика претпоставените во Москва и праша што да прави. Никој не му се јавувал, а и кога ќе добиел некој, тој само ќе му речел: „Москва е тивка“. Путин беше препуштен на себеси. Отиде во подрумот и почна да ги пали тајните документи, за да не дојдат во рацете на непријателот, пишува во неговата биографија.

Потоа тој морал да излезе надвор, каде се наоѓаше полна маса бесни луѓе, на кои тој едноставно им рече:

„Внатре има вооружени чувари. Ќе ве пукаат ако влезете“, порача Путин, кој успеа на овој начин да се извлече од незгодната ситуацијата. Како што пишуваат одредени аналитичари, од оваа ситуација е извлечена важна порака: „Ова е драма која остана во главата на Путин цело време – страв од народно востание“.

Поради тоа, кога десет години подоцна дојде на власт, одлучи да воспостави апсолутна контрола над државата. Иако демократијата никогаш не заживеа во независна Русија, Борис Јелцин дојде на власт на единствените колку-толку слободни избори одржани во Советскиот сојуз, додека во оние од 1996 година Путин дефинитивно го закопа рускиот експеримент со демократијата.

Политички подем

Неговиот политички подем започна незабележително, на функцијата советник на градоначалникот на Санкт Петербург во деведесеттите. На оваа функција тој се збогати, иако вистинското богатство доаѓа подоцна. Но, како што стојат работите, тој во тие години на некој начин им влезе во очи на тамошните руски олигарси и шпиони, кои ја држеа земјата во нивни раце по осамостојувањето. Токму тие го избраа и Путин за наследник на Јелцин. Тој беше идеален, поради тоа што беше релативно непознат и бидејќи не беше близок соработник на Јејлцин.

Промената на власта, досега единствена во независна Русија, формално беше завршена во 1999 година на Нова Година, кога Јелцин си даде оставка, а Путин стана претседател.

Дојде на власт на крилjaта на тероризмот и војна

Меѓутоа, на непознатиот Путин, кој во тоа време имаше поддршка во анкетите од само 2 проценти, му недостигаше нешто што ќе му помогне да ја зацврсти власта. Случајно или не, тоа го доби. Како што пишува „The Guardian“, во септември 1999 година Русија се соочи со низа на терористички напади на станбени згради во повеќе градови, каде беа убиени повеќе стотици цивили.

Не само што ваквата закана му дојде добро на новиот претседател, кој се претставуваше како човек на законот и редот, за придобивање на јавноста, туку и сомненијата набргу паднаа на агентите на ФСБ. Во градот Ријазан, неколку агенти на ФСБ ги уапсија нивните колеги, под сомнение дека поставиле експлозив. Но, осомничените беа набргу пуштени, а Кремљ за бомбашките напади ги обвини чеченските сепаратисти и исламисти, иако затоа не понуди никакви докази.

Останатото, како што обично се вели, веќе е историја: Путин ја започна Втората чеченска војна и брутално го загуши чеченското востание, кое го посрамоти Јелцин во 1995 година. Илјадници цивили беа убиени, а во Чеченија е воспоставена полициска држава, а поддршката на Путин на анкетите скокна на речиси 50 проценти. Во атмосфера на страв и со помош на масовна кражба на гласови, Путин глатко победи во првиот круг на претседателските избори во 2000 година.

Од овде почна огромниот подем на Путин, кој од таа 2000 година, па до денеска, постојано само ја засилува својата моќ, па последната победа на изборите во Русија оваа година, може да се каже дека беше рутинирана, а како што стојат работите ќе треба да поминат уште многу години за некој лидер да успее да го тргне Путин од тронот.

Путин успеа да и донесе стабилност на Русија во периодот на транзиција, знаеше да го придобие народот, но и тоа да го одржи.

Тоа го прави и ден денеска, дури и преку Светското првенство каде бројни лидери на многу земји, дојдоа да му се потчинат во Русија и да гледаат натпревари, заедно со човекот кој претставува страв и трепет, не само во Русија, туку и ширум светот.