Путин за санкциите против „Северен тек 2“: Тоа е бесмислено- практично го завршивме!

од Stefanija Kuzmanovska

Повлекувањето на Америка од санкциите против гасоводот „Северен тек 2“ не значи дека дошло до системски промени во надворешната политика на Вашингтон, туку тие санкции го изгубиле значењето, имајќи предвид дека проектот е практично готов, изјави рускиот претседател Владимир Путин .

„Сега е веќе бесмислено да продолжиме да се спротивставуваме и да воведуваме санкции, бидејќи го изградивме гасоводот – првата гранка е подготвена“, рече Путин за руската телевизија.

Според рускиот лидер, сè што направија САД во врска со гасоводот беше само во нивна корист. Сè што направија досега беше очигледно спротивно на интересите на европските земји, рече тој.

Државниот секретар на САД, Ентони Блинкен, вчера изјави дека американската администрација признава дека завршувањето на гасоводот „Северен тек 2“ е всушност реалност и затоа се фокусира на тоа како да се поддржат интересите на Украина и на низа други источноевропски земји во моменталната состојба.

Соединетите држави ќе продолжат да работат на тоа да спречат гасоводот да биде лансиран, додаде тој.

Проектот „Северен тек 2“ подразбира изградба на две гранки на гасовод, чијшто вкупен капацитет ќе изнесува 55 милијарди кубни метри гас годишно, од брегот на Русија, преку Балтичкото Море, до Германија. Бројни европски компании учествуваат во изградбата на гасоводот.

Слични содржини