Од 18 до 20 мај, во просториите на Bullfrogs Ballet School во Скопје ќе се одржи три-дневна работилница за современ танц за деца и млади со италијанската кореографка Симона де Тулио од танцовата компанија Breathing Art од Бари.

Три-дневната работилница насловена како „Be Italian” е проект за културна размена спроведен во партнерство помеѓу Bullfrogs Ballet Production и танцовата компанија Breathing Art Company од Италија, поддржан од Италијанска амбасада.
Покрај осознавањето на нови танцови техники и забава, секој учесник на работилницата станува потенцијален добитник на стипендија за учество на меѓунариодниот танцов натпревар „Сан Никола“ во Бари, Итали ја, во декември оваа година. Стипендистите ќе бидат одбрани на третиот ден од работилницата од страна на претставници од балетските компании и од Италијанската Амбасада во Скопје.
Учеството во работилницата е отворено за сите заинтересирани деца и млади од 7 до 18 години, а повеќе информации за работилницата, како и за начинот на аплицирање може да се најдат на веб страната на Bullfrogs Ballet School.
Во оваа работилница учесниците ќе имаат можност да бидат дел едно патување низ јужно италијанската култура преку говорот на телото и танцот. Започнувајќи со класична балетска техника, преку „уништување” на линиите и балансот на телото се доаѓа до современ танц, чувстувајќи го и движејќи го телото на сосема нов начин. Кореографката де Тулио преку современ танц ќе ги претстави контакт-техниката и импровизацијата на учесниците.
Учеството на меѓународниот танцов натпревар „Сан Никола” кој ќе се одржи во декември во Бари, Италија мод мотото „Дај шанса”, овора можности за голем број на вредни стипендии и награди за сите учесници и тоа: летни часови за танц во H. Jurriens Foundation од Амстердам (Paesi Bassi); летни часови за танц во Island Moving Company – Америка; часови за танц во Budapest Dance Theatre; попуст за учество на настани во Италија (World Dance Movement and Winter dance Convention); балетска опрема и делумни стипендии за летните настани во Италија.
Проектот „Be Italian“ е дел од годишната програма на Bullfrogs Ballet School & Bullfrogs Ballet Production за 2018 година.