Рацете на Селена Гомез се тресат поради воспаление: Лупус е болест со сто лица

од Nikola Popovski
346 прегледи

Кога Селена Гомез сподели видео од нејзината рутина за шминкање на социјалната мрежа TikTok, многумина беа изненадени кога видоа дека на популарната пејачка и актерка ѝ се тресат рацете.

Таа објаснила дека причината е несакан ефект на лековите што ги зема за лупус, автоимуна болест која ѝ беше дијагностицирана во средината на минатата деценија.

Според клиниката Мајо, лупус се јавува кога имунолошкиот систем ги напаѓа ткивата и органите. Воспалението предизвикано од лупус може да влијае на зглобовите, кожата, бубрезите, мозокот, срцето и белите дробови.

@selenagomez

PSA I got most of these products free. I ain’t just rolling like that everywhere. Use any serum to take off make up before washing. It breaks it up nicely. Also use a sponge to wipe eyes to treat eyes delicately when removing make up. K I’m done pretending I know what I’m taking about.

♬ Never Be Me – Miley Cyrus

Во 2017 година, поради болеста, Селена беше принудена да направи трансплантација на бубрег. Таа искрено зборуваше за нејзината борба со болеста во документарниот филм „Селена Гомез: Мојот ум и јас“ , 2022 година.

„Не го чувствував тоа кога бев помлада“, рекла Селена. „Кога ќе се разбудам наутро, веднаш почнувам да плачам, бидејќи се ме боли“, додала таа.

Симптоми на лупус

Лупус е автоимуна болест која е тешко да се дијагностицира, бидејќи симптомите што го придружуваат често наликуваат на симптомите на многу други болести. Затоа се нарекува „болест со сто лица“.

Најкарактеристичен знак на лупус е осип на лицето кој наликува на крилја на пеперутка и се јавува кај повеќето пациенти. Симптомите на оваа автоимуна болест може да се појават ненадејно, да се развиваат бавно и да бидат благи или сериозни, да имаат привремен или траен карактер. Повеќето пациенти со лупус имаат поблага форма на болеста која се карактеризира со напади на егзацербација, кога симптомите стануваат поизразени, а потоа се намалуваат или дури целосно исчезнуваат некое време.

Симптомите зависат од тоа кои телесни системи се погодени од болеста. Најчестите знаци кои може да укажуваат на лупус се замор, треска, болки во зглобовите, оток и вкочанетост на зглобовите, лезии кои се појавуваат на кожата и се влошуваат по изложување на сонце, отежнато дишење, болка во градите, главоболки, конфузија, губење на меморијата. Исто така, еден од симптомите е промена на бојата на прстите на рацете и нозете; тие можат да станат бледи или сини кога се изложени на студ или кога лицето е под голем стрес.

Лупус се јавува почесто кај жените, најчесто на возраст од 15 до 45 години. Воспалението предизвикано од лупус може да предизвика сериозно оштетување на бубрезите, проблеми со меморијата, главоболки, мозочен удар, анемија, воспаление на крвните садови, пневмонија, воспаление на срцевиот мускул…

Исто така, луѓето кои имаат лупус се поподложни на инфекции, а жените имаат зголемен ризик од спонтан абортус, висок крвен притисок за време на бременоста и предвремено породување. За да се намали ризикот од овие компликации, лекарите препорачуваат одложување на бременоста додека болеста не биде под контрола најмалку шест месеци.

Слични содржини