Февруари е, а во воздухот се носи оној посебен мирис на љубов. Ги броиме деновите до настапувањето Денот на вљубените и немаме трпение да го изненадиме партнерот со нешто што сами сме го направиле посебно по тој повод.
Постојат многу различни начини да се покаже својата љубов. Ние споделуваме неколку навистина креативни идеи, кои се и лесни за правење, а останатите може да ги видите во галеријата.
Купете бела (или во друга боја) порцеланска чаша без декорации и 2 пенкала за цртање врз порцелан. Маркерите може да ги купите од книжарниците (а ги има и во продавници за уметници). Пред да започнете со декорациите на чашата, треба да ја измиете многу добро со вода и сјај и потоа да ја исушите убаво.
Протресете ги благо маркерите за да бидат боите беспрекорни. Потоа нацртајте ја чашата. Оставете ја да се исуши за 2-3 часа. Ставете ја во ладна рерна и вклучете на 170 степени. Испечете ја чашата за околу 20 минути и оставете ја да се излади во рерната. Ова ќе ја фиксира бојата на неа.
Кутија со картички

Купете повторно од книжарница дрвена кутија, пластична или картонска. Може да изберете и таква која е во форма на срце. Купете и шарени картончиња повторно во форма на срциња или купете си хартија и од неа направете си мали картички.
На секоја напишете по една порака до саканиот. Ова може да се убави мисли или историјата на вашата љубов.
Љубов скриена во кутија за кибрит
Ќе ви биде потребна една кутија од кибрит, која ја ги обложувате со обоена хартија или убава салфетка. На мали картончиња напишете нешто убаво за партнерот. Кога ќе му ги подарите, тие ќе бидат скриени во неа.
Галерија: pinterest
