Радев и Софија се загрижени поради наводните „чести напади врз Бугарите во Македонија“

од Nikola Popovski

Претседателот на Бугарија, Румен Радев, оствари средба со шефовите на безбедносните служби поради како што велат „честите случаи на агресија врз Бугарите во С. Македонија“. Причината за средбата било неодамнешното обраќање до претседателот од културниот центар во Битола, како и сигналите од етничките Бугари кои живеат тука.

Според прес-службата на претседателската администрација, шефот на државата и шефовите на службите разговарале за мерките за заштита на бугарските граѓани во странство, кои станале предмет на наводен напад поради нивната националност. Не е наведено кои конкретни мерки ќе бидат преземени.

„Кон крајот на февруари, Бугарскиот културен центар „Иван Михајлов“ во Македонија објави отворено писмо до претседателот на Бугарија во кое македонските Бугари велат дека се плашат отворено да зборуваат за нивната националност. Организацијата потсетила дека претстои попис во републиката и изрази надеж дека Бугарија ќе помогне да се осигури безбедноста на сите Македонци кои сакаат на пописот отворено да се изјаснат како македонски Бугари.

„Ве повикуваме значително да ја поедноставите постапката за добивање бугарско државјанство, што би нè заштитило од притисокот на бугарската фобија. Инсистираме секој државјанин на С. Македонија кој со помош на фотокопија докаже дека на пописот се напишал дека е „македонски Бугарин“, ако изрази желба да добие бугарско државјанство по скратена постапка“, се наведува во обраќањето до претседателот од претставникот на културниот центар.

loading...

Слични содржини