Радев: Притисокот кон Бугарија ќе се зголемува поради ветото врз С. Македонија

од Nikola Popovski

Притисокот врз Бугарија во наредните месеци на тема Република Северна Македонија ќе продолжи да се зголемува, рече бугарскиот претседател Румен Радев, кој престојува во Словенија на Бледскиот стратешки форум.

-Очекувањата за компромис со Бугарија растат бидејќи во последниве години односите со Скопје беа во ќорсокак, а Бугарија остана изолирана, објасни претседателот Радев.

Претседателот повтори дека главниот приоритет на бугарската надворешна политика останува европската интеграција на Западен Балкан и дека Бугарија е најзаинтересирана РСМ да стане членка на ЕУ, но да ги исполни своите обврски.

-Очекуваме заштита на правата на луѓето со бугарска самосвест во Скопје, отстранување на сликата за Бугарија во учебниците, спомениците и тамошните медиуми и прекин на говорот на омраза, додал претседателот.

Радев им се заблагодари на претседателот Стево Пендаровски и на премиерот Зоран Заев за враќање на дијалогот на највисоко ниво, во која насока се систематските напори на преодната влада.

Слични содржини